Бараж за СП: Македонија против Данска, во евентуалното финале со победникот од Чешка – Р.Ирска

319

Селекцијата на Данска е противникот на Македонија во полуфиналето од баражот за пласман на СП 2026 кое се одржува во Северна Америка од 11 јуни до 19 јули. Секако дека ова е силен ривал, ама и останатите можни беа исто така силни. Како што е познато играме на гости. Во случај да ја минеме оваа пречка тогаш во финалето се среќаваме со победникот од дуелот Чешка – Р.Ирска.

Вака сакаше ждрепката денеска која се одржа во Цирих.

Баражите се играат на 26 и 31 март, значи нашата најдобра фудбалска репрезентација е на две победи од историски пласман на едно СП. Минатиот пат не успеавме, ја минавме Италија во полуфиналето и тоа како гости, но во финалето, исто така како гости, бевме елиминирани од селекцијата на Португалија.

Да се надеваме дека овојпат ќе имаме повеќе среќа и конечно ќе го оствариме сонот на цела Македонија – пласман на Мундијал.

ПретходноНејмар од херој до трагичар (ВИДЕО)
СледноБараж за СП: Ако ја минеме Данска, во финалето повторно ќе бидеме гости кај Чешка или Р. Ирска