0
И официјално Струга Трим Лум од денеска е засилена во нападот со младиот Сухејљ Мухарем.Она што го најави Спортмедиа пред неколку денови од денеска е и официјално. Мухарем има само 20 години, има настапувано за младата репрезентација на Македонија, а доаѓа од Работнички.
Претходно Мухарем беше член на Ренова и Шкупи.Струга Трим Лум со овој трансфер продолжува со својата традиција да ангажира млади и талентирани момци во своите редови.