Лина поразена во 1/8 финалето во Трнава

26
фото: mtftennis.mk

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа добро тргна на турнирот во Трнава, ја мина првата пречка вчера, ама денеска не продолжи во тој стил. Имено Лина денеска е поразена во меч од 1/8 финалето од Британката Амарни Бенкс и тоа со 2:0 во сетови. Иако Лина на ВТА листата многу подобро котира, сепак беше поразена лесно и ефектно во меч кој траеше нешто помалку од еден час.

Во првиот сет Лина успеа да освои само два гема, додека во вториот сет, само еден гем, па така со 2:0 победата ја однесе тенисерката од САД.

ПретходноНеверојатно: Македонија и да загуби од Данска, сепак ќе игра против Чешка или Р. Ирска!
СледноТеренот е поплавен: Мечот меѓу Г.Коњари и Охрид е одложен, ќе се игра на 3 декември!