Седум Романци кои играле против Македонија во 2004/05 станале селектори!

108

Утре на Арената во Скопје со почеток од 20:45 часот, по седми пат ќе ги одмериме силите со селекцијата на Романија. Традицијата не е на наша страна, имаме само една победа.

Инаку последен пат, ако не сметаме на пријателската во 2010 година и се разбира на онаа средба од март оваа година, сме играле со нив во квалификациите за СП во Германија 2006. На 04.09.2004 игравме во Крајова и загубивме со 2:1, додека на 30.03.2005 ги одмеривме силите во Скопје, и тука загубивме со 2:1.

Интересно е тоа што дури седум репрезентативци на Романија кои настапиле на тие два меча подоцна станале селектори во разни селекции на својата земја.

Мирел Радои сега е селектор на А-репрезентацијата. Богдан Лобонт е актуелен селектор на У-20 селекцијата, Николае Дичија пак исто се актуелен селектор на Б –репрезентацијата на Романија. Адриан Муту беше селектор на У-21 од 2019 до 2021 година, потоа Козмин Контра беше предводник на А-репрезентацијата од 2017до 2019. Константин Галка беше селектор на У-17 селекцијата од 2013 до 2014 и на крај Виорел Молдован беше селектор на У-21 во 2014 година и на Б-репрезентацијата на Романија од 2014 до 2016 година.

Од ова се гледа со каква силна Романија сме играле пред 16-17 години во Скопје и Крајова.

ПретходноРоналдо е на мета на британската мафија
СледноСтартот на кошаркарските младински лиги закажан за 2. октомври