„Огнени стрели“ за Милевски, а што ќе кажете за Горан Станиќ!?  

370

Селекторот на сениорите, Благоја Милевски го собра сите критики, напади и гнев од јавноста по дебаклот од 7:1 од Велс и покрај тоа што со овој селектор националниот тим имаше добра серија од две години без пораз на квалификациски меч. Чашата се прели, иако Македонија ќе игра бараж за пласман на СП благодарение на успесите во Лигата на нации.

Спортската јавност е разочарана од сениорите и тоа е очекувано по едно такво срамно издание во Кардиф. Но, се чини дека фокусот се удри на Благоја Милевски и сите како да ги заборавија дебаклите и поразите на нашата репрезентација до 21 година. Горан Станиќ има неуспешна мисија, загубени квалификации и борба да се избедгне последното место на табелата наместо битка за врвот, за бараж или за пласман на ЕП кое што беше наша пракса во минатото.

Пет порази и само една победа со селекција која нема надеж во надежта дека некој од тие момци ќе затропа на вратата од сениорите. Не само резултатите, туку и игрите и целокупната слика кај селекцијата до 21 година не е на задоволително ниво. Дури и полоша е сликата од она време на неговиот претходиник кој исто така имаше лоши серии но за жал и тие беа подобри од овие на Горан Станиќ.

Ако јавноста е за смена на Благоја Милевски, што станува збор за иднината на Горан Станиќ кога зборуваме за младата репрезентација, нејзините игри и резултати. Можеби е време и таму да се корегира нешто иако во овој период и селекцијата до 19 години во првата фаза е елиминирана од шансата да се пласира во елитната група и шансите за настап на ЕП.

Минаа само фудбалерите до 17 години, минатиот месец иако сите „експерти“ беа токму негативно настроени токму кон таа репрезентација која е единствена која помина оваа есен.

Седницата на УО на ФФМ на која на тапет ќе бидат селекторите и нивната работа најверојатно ќе се одржи идната недела.

Претходно2025 во знакот на „Ендуро тим Водно“: Освоена 15-та титула од постоењето на клубот
СледноЛоша вест за Јакобсен, се повреди уште еден играч на Данска