Романскиот национален тим ја одржа прес-конференцијата во Скопје пред утрешниот дуел со Македонија. На прес-конференцијата зборуваа селекторот Мирел Радои и капитенот Влад Кирикеш.
Радои го пофали новиот селектор Благоја Милевски, и смета дека сега играчите на Македонија се далеку подобро подготвени од првиот меч во Букурешт.
„Пофалби за новиот селектор, посебно за играчите кои се далеку подготвени во однос на мечот со Букурешт. Многу се зема во предвид тоа што сега Македонија има нов начин на игра“, рече Радои кој истакна дека неговите фудбалери ќе посветат посебно внимание на Елмас и на Барди.
„Посебно да внимаваме на Елмас и на Барди, нивната сила може да дојде до израз, и секако еден од најсилните адути е и новиот селектор кој што има позитивно влијание врз репрезентацијата“, смета Радои.
Влад Кирикеш, кој има играно против Пандев во Италија, смета дека и без капитенот, Македонија има силна селекција.
„Горан Пандев беше одличен репрезентативец, но овој нов тим покажува многу поголема сила во играта и без него. Ние се надеваме дека ќе имаме позитивен крај. Ќе имаме многу тежок натпревар утре“, рече стоперот на Романија.