Вардар триумфално низ Струмица (ВИДЕО)

124

Екипата на Вардар успеа да се справи со очајните услови за игра во Струмица денеска и да стигне до уште една победа во овогодинешниот ПМФЛ шампионат. „Црвено – црните“ денеска беа поуспешни од екипата на Брера, која реално не создаде ниту една посериозна шанса на овој дуел иако играше на домашен терен.

Што да се каже за овој меч,  а да не се стартува со ужасната состојба на теренот на стадионот Благој истатов во Струмица.

Обилните дождови деновиве, како и вчерашниот меч од ВМФЛ шампионатот помеѓу Беласица и Новаци одигран на истиот направија денеска мечот во Струмица едвај да се игра.

Целиот меч мина во идентичен ритам. Вардар се обидуваше и успеваше да наметне тепмо, и колку толку да доиминира колку што дозволиваа условите.

И успеа во тоа. Првиот дел го одбележа шансата на Спахиу на средината на првиот дел, кога акцијата од корнерот, ја одведе топката до Маневски, а овој со одличен центаршут го погоди Спахиу на вториот дирек. Сепак, иако во идеална ситуација напаѓачот лошо ја зафати топката и шансата пропадна.

Спахиу асистира, Талевски погодува за водство

Во 53 минута убавата акција на Вардар им донесе на гостите водство. Асистенцијата на Спахиу кој што прекрасно спушти на пеналтикот за идеална шанса за Талевски кој не греши. Погодува во аголот за 0:1 и големо олеснување на гостите.

Сериозна шанса на Омерагиќ, кој по центаршутот од десно со глава биеше во голот но на гол  линијата се најде Луковиќ и спаси чист гол.

Кардинална домашна греша користи Димитар Тодоровски

Во 71. минута домашните стартувајќи нова акција направија кардинална грешка. Луковиќ директно му додаде на Димитар Тодоровски кој што успешно се снајде во оваа неочекувана ситуација и пласираше во долниот лев голманов агол.

До крајот Вардар рутински го прикрајчи мечот, а Брера немаше сила за ништо повеќе.

 

 

ПретходноАлегри: Интер е фаворит за Скудетото, но во дербито сè е можно
СледноПако Расат е победник на денешниот слалом