МВР го приведе лицето кое предизвика инцидент на мечот Шкендија (А) – Брегалница

84

По инцидентот кој се случи вчера на полувремето на натпреварот од ВМФЛ меѓу Шкендија (А) и Брегалница (Ѓ), денеска од МВР информираат дека лицето кое го нападна фудбалерот на Брегалница е приведено и против него ќе биде покрената постапка.

„На 21.11.2025 во 13:50 часот на стадион „Фортуна“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Ш.А.(36) од с.Арачиново, скопско, затоа што за време на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Шкендија 77“ и ФК „Брегалница“ физички нападнал играч на ФК „Брегалница“. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок“, се вели во билтенот на МВР.

ПретходноСелта ги однесе трите бода од гостувањето кај Алавес
СледноХамилтон постави анти-рекорд во Ферари