Зарем некој се сомневаше дека ќе биде поинаку? Решен е случајот “Винисиус“!

146
ФОТО: Real Madrid C.F./FB

Зарем некој се сомневаше дека ќе биде поинаку, кога станува збор за “кралевите“! Па така Винисиус и Реал Мадрид сè уште одат во иста насока во преговорите за продолжување на соработката. Мадридскиот весник „Ас“ ексклузивно потврди дека преговорите напредуваат и дека се очекува Винисиус Жуниор да потпише нов договор во наредните месеци.
Иако имаше „кавги“ на релација Чаби Алонсо и Винисиус, „борбените секири“ се закопани, бидејќи едноставно, Бразилецот е потешко да се прифати кога не е на теренот, тоа е дел од неговиот победнички менталитет, а не желба да се спротивстави на авторитетот на тренерот.
Сите во Реал Мадрид веруваат дека Винисиус е незаменлив во тимот, но исто така велат дека ниту еден играч не е над клубот и дека Бразилецот понекогаш мора да прифати одредени работи.
Договорот за Винисиус е повторно на маса за прв пат од февруари оваа година, кога преговорите беа во застој. Проблемите што се појавија во претходните недели воопшто не ги наруши преговорите. „Ас“ истакнува дека Чаби и Винисиус решиле сè интерно, со заедничка желба да бидат фокусирани на успехот на Реал Мадрид.
Сите во Мадрид сакаа тој случај од „Ел Класико“ брзо да се затвори и сите да се фокусираат на теренот, како и на преговорите околу продолжувањето на соработката.
Винисиус исто така не се гледа себеси никаде освен во Мадрид, што е најважната почетна точка во реализацијата на преговорите. Неговиот однос со соиграчите исто така остана ист, по несоодветното однесување им се извини на сите и немаше „лоша крв“ во соблекувалната.
Сè на сè, Флорентино Перез има сè под контрола – Чаби Алонсо останува на чело, но Винисиус исто така ќе го добие она што го сака, бидејќи тоа е во корист на Реал Мадрид.

ПретходноНи 44 поени на Јокиќ не беа доволни Денвер да го победи Сакраменто
СледноАрсими подготвен за нов предизвик против шампионот