Пол Погба се врати на терен, ама Рен го понижи неговиот Монако

26
ФОТО: Ligue 1 English/X

Одлична игра на Рен во 13-то коло од француското првенство. Домашниот тим рутински го победи Монако со 4:1 на својот „Роахон Парк“!

Ама се беше во сенка на враќањето на терен на Пол Погба во дресот на Монако. Тоа се случи во 85-тата минута што најмногу се коментираше на мрежите, Пол Погба се врати во фудбалот, го замени Кулибали и се најде во официјален натпревар по 26 месеци.
Тој доби громогласен аплауз и од навивачите на Рен.

ПретходноПрослава на “Марадона“ за Елиф Елмас и неговата 200-ка за Наполи!
СледноСкандалозно: Хулигани со пиштоли и бомби им се заканувале на фудбалери!