Тиквеш убедлив против Башкими

54

Со високи и убедливи 3:0 тимот на Тиквеш денеска во рамките од 14. коло од ПМФЛ шампионатот го совлада на свој терен тимот на Башкими, и дефинитивно покажа дека кризата во Кавадарци е минато.

Дека Тиквеш планира за многу бргу да се префли од долниот дел од табелата во средината, и мирно да „плови“ во продолжението од овогодинешниот шампионат.

Денеска Тиквеш одигра и повеќе од добро. Погоди по само 17. минути игра преки Иван Ивановски, за да во 32. минута веќе биде 2:0 за домашните. Во листата на стрелците се запиша Мартин Стојанов за мирен од на домаќинот во овој дуел.

Сепак, голот на Рушту Јонуз во 36. минута покажа дека Тиквеш едноставно денеска е решен да ги освои трите бода и тоа што побргу. Гостите веќе во овој момент знаеа дека нема што да бараат повеќе на овој меч.

Иако неодамна во Кавадарци се случуваа чудесни пресврти, на дуелот со Арсими, овојпат тоа не се случи. Мирното второт полувреме, домашните знаеја да го приведат до крај и да ги впишат трите бода на своето конто.
Кое пак сега вели дека Тиквеш има вкупно 15 бодови и е осми на табелата додека пак Башкими е петти со досегашните 22.

 

ПретходноАрсими и го зема “здравјето” на Шкендија (ВИДЕО)
СледноКошмарот нема крај, Нејмар повторно се повреди