Кошаркарскиот сојуз на Белгија, побарал од полицијата да испита можен случај на лажирање во врска со организација на повеќе турнири во кошарка „три на три“.
Сомневањата постојат токму пред олимпискиот турнир во Токио.
Во соопштението на сојузот се додава дека после разговорите со претставници на локалните сојузи, контактирана била полициската единица за лажирање во спортот поради спроведување на темелна истрага.
Белгиските медиуми објавија дека се сомнителни турнирите играни од август до октомври 2019, во кои Белгија обезбедила пласман на ОИ. Кошаркарите успеале да се пласираат на турнирот во Токио, на кој го освоија четвртото место. Покрај тоа, оваа селекција ќе учествува и на престојното ЕП во Париз на „баскет три на три“.