Реал Мадрид одигра само 2:2 на гостувањето кај Елче во вечерашниот последен натпревар од 13. Коло на шпанската Ла Лига. Иако гостите беа фаворити, на крајот се спасуваа од пораз.
Во 17-тата минута беше видена првата сериозна можност, во режија на Елче. Мир се најде во добра позиција, но неговиот обид беше одбранет од Куртоа.
Попрвите 45 минути немаше гол, па на прв погодок се чекаше се до стартот на второто полувреме, кога домашните преку Фебас дојдоа со 1:0. Откако го примија голот, гостите тргнаа со сите сили да израмнат, што и го постигнаа во 78-та минута од натпреварот. Хујсен постигна гол за 1:1.
Сепак, во 84-тата минута од натпреварот се случи вистински шок. Родригез постигна феноменален гол, со што домашниот тим поведе повторно, овојпат со 2:1. Само три минути подоцна, следеше нов кам-бек на Реал Мадрид. По слободен удар и нова гужва во шеснаесетникот, Белингам постигнува гол за резултат 2:2.










