И со Тупаиќ иста песна! Струга лесно го мина Работнички

0

Лесно и убедливо, онака како што впрочем и покажува состојбата и местата на табелата во ПМФЛ шампионатот во моментов, тимот на Струга Трим Лум денеска во претпоследниот дуел од ова коло го совлада на гостински терен во Скопје, тимот на Работнички со 1:3.

Содржаен дуел со четири гола, и многу шанси. Четири пати гостите ја погодија рамката на домашниот гол па може слободно да се каже дека нивниот триумф можеби требаше да биде и со поголема разлика.
Истиот беше најавен во единаесеттата минута кога Стефан Јевтоски погоди од дистанца за 0:1.

Во 21. минута веќе беше 0:2 со голот на Малески кој успешно избегна офсајд замка и реализираше.

Само за момент, домаќинот по паузата најави дека е можно резултатски да се врати па по асистенцијата на Кадриу, младинскиот репрезентативец на Македонија, Димитар Трајков реализира за 1:2.

Сепак, надежта на домашните за поволен резултат кратко траеше затоа што по прекршокот на Мециновиќ врз Радески, и интервенцијата на ВАР, беше досудена најстрога казна. Буњамин Шабани реализираше за 1:3 во 70. минута.

До крајот на дуелот, гостите имаа уште две до три ситуации кои не ги искористија.

Струга ТЛ по 14. кола има 35 бода и е на втората позиција, додека пак Работнички од исто толку мечеви има седум бода и е претпоследен.

 

ПретходноСтојановски: Добро работевме периодов, а Шкупи не е екипа за еден освоен бод (ВИДЕО)