Сензационално: Леклер го напушта Ферари?!

0
ФОТО: Formula 1/FB

Од Италија пристигнуваат сензационални информации. А тие се дека Шарл Леклер има намера да го напушти Ферари. Идејата да бара нов почеток во тимот на Астон Мартин го привлекува возачот од Монако, по шест години минативо Ферари. Раководството на британскиот тим разговарало со неговиот менаџер во неколку наврати, дознава експертот за Ф1, Лео Турини.
Неговиот сонародник Џорџо Теруци дознал дека добитникот на осум Гранд При е се поблиску до одлуката да ја промени својата средина.
„Леклер ќе почека, сака да види како ќе поминат првите три или четири трки во 2026 година. Ако резултатите повторно се разочарувачки, тој ќе стане возач на Астон Мартин веќе во 2027 година“, рече новинарот на весникот „Кориере дела Сера“.
28-годишникот од Монте Карло учествувал на 171 трка во својата кариера, со 50 подиуми, 27 пол позиции и 10 најбрзи кругови. Тој моментално ја зазема петтата позиција во шампионатот, зад водечките Ландо Норис, Оскар Пјастре, Макс Верстапен и Џорџ Расел. До крајот на борбата за трофејот, остануваат уште две Гран При трки, во Катар и Обединетите Арапски Емирати.

ПретходноКомо го “растури“ Торино, оваа победа се чекаше четири децении