Битка за врвот: Вардар 1961 во Загреб по заверка на главната рунда

44

Вардар 1961 вечерва во Загреб е гостин на Сесвете во меч од петтото коло во Европската лига. „Црвено-црните“ овој дуел го пречекуваат како лидери на табелата, имаат шест бода, еден повеќе од противникот.

Ова е клучен дуел за првото место во групата Ф. Победа за избраниците на Иван Чупиќ ќе значи широко отварање на портите кон главната рунда.

Двата клуба за првпат во својата историја во рамките на Европската Лига се сретнаа токму на стартот на оваа сезона, а победник беше Вардар 1961, кој на домашен терен славеше со убедливи 34-29. Лидер во редовите на македонскиот тим беше Хориха, кој ја наполни мрежата на противникот со седум погодоци.

„Црвено-црните“ играат одлично, тоа го покажаа во минатото коло против Кристијанштад.

ПретходноРеал Мадрид без Куртоа на гостувањето против Олимпијакос
СледноМекиќ: На хартија сме подобра екипа од што бевме летоска