Денеска по пауза од цели 12 години Кристијано Роналдо го одработи првиот тренинг во Манчестер Јунајтед. Откако минатата недела и официјално се врати во клубот од “Олд Трафорд“, Кристијано денеска го имаше првиот работен ден. Се разбира дека прво кога дојде во тренинг – кампот имаше кус разговор со тренеро Оле Гунар Солскјер, за да потоа со насмевка го одработи и првиот тренинг.
И тој, но и сите фанови на Јунајтед се во очекување на неговото деби.