ВМФЛ: Сензација во Штип, Новаци ја шокираше Шкендија (А)

211
ФОТО: Фудбалски клуб Брегалница / Football Club Bregalnica/FB

Какви два сензационални резултати попладнево на мечевите од 14.коло во ВМФЛ.

Брегалница – Осогово 0:1 и Новаци – Шкендија (А) 1:0. Супер изненадувачки, супер сензационални. Зарем некој можеше да поверува дека тимот на Влатко Коств дома ќе загуби од Осогово по онаа блескава победа минатото коло кај Шкендија (А). Треба да се каже дека домашните не реализираа два пенали. Па така сега бодовната разлика од водечката Шкендија до петтата Беласица е само 4 бода, со тоа што Охрид има меч помалку и може на крајот да заврши како есенски првак.

Што ли само пропуштија Брегалница и Новаци?

Скопје како домаќин беше сигурен и тоа со 4:0 против Г. Коњари, додека Охрид во еден тежок меч за играње успеа на крајот да слави против Детонит со 1:0. Беласица како гостин победи кај Саса со 0:2, а Слога (В), исто како гостин, славеше кај Преспа. Вардар (Н) и Победа одиграа без голови.

Мечот меѓу Тетекс и Кожуф се игра на 3 декември.

РЕЗУЛТАТИ 14.КОЛО

Брегалница – Осогово 0:1

Скопје – Г. Коњари 4:0

Саса – Беласица 0:2

Новаци- Шкендија (А) 1:0

Охрид – Детонит 1:0

Преспа – Слога (В) 1:2

Вардар (Н) – Победа 0:0

Тетекс – Кожуф (03.12.2025)

ПретходноПМФЛ: Пелистер го “скрши“ Шкупи во второто полувреме! Фантастичен гол на Булатовиќ!
Следно“Чкембари“ со реакција: Како тоа банка од Битола да биде спонзор на Вардар! (ФОТО)