У-19: Македонија подобра од Грузија!

50
ФОТО: FFM.MK

Македонската женска репрезентација до 19 години убедливо славеше против врсничките од Грузија во натпреварот од првото коло од квалификацискиот турнир, рунда 1,  група Б5, за Европско првенство на УЕФА за жени.

Нашата селекција ја победи Грузија со 3:0. Емили Митковска во 32. минута го постигна водечкиот гол за Македонија. По пет минути игра во второто полувреме, Меланија Грозданова ја удвои предноста за нашата репрезентација, а Калина Попоески во 82. минута го постигна конечниот резултат. Фудбалерките на Кирил Изов упатија дури 13 удари кон противничкиот гол.

Македонија до 19 години: 1. Комненова, 4. Крстева, 5. C. Додевска, 6. Коловска (71` Боризоска), 7. Грозданова, 8. Величкова (80` Настова), 9. Митковска (71` Симјанова), 10. Галабовска, 15. Емини, 16. Панева (57` Ристевска), 17. Каралиоска (46` Попески);

Словенија со 2:0 славеше против Азербејџан на вториот меч од групата. Во второто коло од турнирот, Македонија ќе се соочи со репрезентацијата на Азербејџан. Натпреварот ќе се одигра на 28. ноември во 12:00 часот на стадионот „Младост“ во Струмица.

ПретходноУ-15: Македонија убедливо поразена на првата контрола со Србија
СледноРеал Мадрид со порака: Чаби Алонсо е ШЕФОТ!