Екс-бразилски репрезентативец потпишал со Вардар и доаѓа во јуни

110
фото: João Pedro Francisco (X)

Бразилскиот лев бек Жоао Педро да Силва кој настапува за екипата на Војводина потпишал договор со Вардар 1961. Според информацијата која ја објавија српските медиуми, Да Силва има повреда на потколеницата и го нема во тимот на Војводина од стартот на сезоната, но тој веќе се договорил со Вардар и во јуни ќе се пресели во Скопје.

Некогашниот бразилски репрезентативец кој игра на позициите лев/среден бек има уште една година од договорот со Војводина, но дефинитивно не останува во Нови Сад и следната сезона. Наводно, српскиот тим сака и предвреме да му го раскине договорот.

ПретходноФИФА ги објави шеширите за СП 2026: Победниците на баражите ќе бидат во групата на „аутсајдери“
СледноНесторовски даде два гола иако играше со напукнато ребро!