Кога се одработува тренингот тогаш сите во нашиот табор се максимално сериозни, нема попуст за никого, па ни за селекторот Благоја Милевски. Во еден момент шефот се најде во “средина“ каде што дел од нашите репрезентативци ја одработуваа популарната „шева“ и немаше попуст за него. Долго време му требаше да се извлече, а Јаховиќ, Николов, Трајковски, Алиоски и Барди сакаа да му покажат на селекторот дека и кога е тој во прашање тие немаат милост.
Во секој случај беше интересно.