Шокантно: Барса пет години носи опрема на Најк без договор со нив!

1000

Уште еден податок дека во Барселона веќе подолго време се случува хаос. Имено Барселона веќе подолго време, точно пет години носи опрема на Најк и тоа без да има договор со овој популарен спортски бренд. Имено познато е дека од 1998 година каталонците ги “облекува“ еден од водечките спортски бреднови, но во 2016 година тој договор истече. И засега нема назнаки дека би можел да биде продолжен или потпишан нов. Тогаш беше објавено дека има нов договор, но технички не беше формализиран. Причината за тоа се несогласувањата од двете страни, па потоа корона – кризата, секако и претседателските избори.

И се ова доведе да има напнатост меѓу Барселона и Најк.

Како што се наведува во шпанските медиуми, Лапорта инсистирал на нов договор, се разбира “потежок“, но засега нема назнаки дека тоа брзо ќе се случи.

ПретходноМедведев е првиот полуфиналист на УС опен!
СледноДепај ја “торпедираше“ Турција, славје на “коцкестите“, каков пех за Србија, хет-трик на Халанд (ВИДЕО)