Македонската репрезентација до 15. години по втор пат е поразена од соодветната селекција на Србија повторно на домашен терен овојпат со конечни 0:4.
Ако во првиот дуел пред два дена успеавме да постигнеме гол во поразот од 1:4, овојпат немавме среќа за такво нешто.
Врсниците од нашиот сосед во моментов се поквалитетни и треба тоа да се признае. Оваа наша генерација се создава периодов, има уште многу за работа пред себе, но добро е да се знае дека истата веќе подолг период е комапктна, тренира заедно, и е селектирана на неколку кампови и проверувана на неколку пријателски средби.










