Обрадовиќ се враќа во Белград, вечерва и дефинитивно ќе се знае дали си оди или останува!

69
ФОТО: KK Partizan/FB

Жељко Обрадовиќ вчера си поднесе оставка, а денека раководството на Партизан ја одби. Значи драмата продолжува, а дефинитивно вечерва ќе се знае дали најтрофениот тренер во Евролигата си оди или останува на клупата на “црно – белите“.

Имено Обрадовиќ околу 18 часот би требало да слета од авион во Белград од летот од Атина,каде што остана два дена по поразот од Панатинаикос!

Се најавува дека фановите на Партизан ќе му ја дадат поддршката на Жељко на аеродромот во Белград, за да потоа тој замине на состанок со раководството на клубот по кој ќе се знае што и како понатаму.

ПретходноАртета: Многу сум среќен, одигравме брилијантно
СледноСлот доби поддршка ама и ултиматум: Или “три од три“ или толку ти беше! Контактиран бил и Клоп!