СП 2025: Романија ја прегази Хрватска, сигурен старт за скандинавките

0
фото: IHF.info

Денеска се одиграа 8 нови натпревари на стартот на женското ракометна светско првенство во Германија и Холандија. Вечерва на програмата беа дуелите кои се играат во холандските градови Ротердам и Хертогенбош, но кои не видовме некои поголеми изненадувања.

Иако се очекуваше да биде еден од најинтересните денишни дуели, мечот меѓу Романија и Хрватска заврши со убедлива победа на Романките од 33:24. Клучниот момент во првото полувреме беше серијата од 6:0 за Романија, со пет различни играчи кои постигнаа барем еден гол, што го претвори водството од два гола на Хрватска од 6:8 во водство од четири гола за Романија од 12:8. На крајот, Романија ги подобри своите шанси за пласман во главната рунда со убедлива победа, оставајќи ги противничките во тешка ситуација, каде што мора да победат против Данска и Јапонија во следните два натпревари, особено ако се знае дека Данска ја прегази вечерва Јапонија со 36:19. 

Вечерва сигурна победа обезбедија и ракометарките на Норвешка, кои со 34:19 славеа над селекцијата на Јужна Кореја. Унгарките немаа проблем со Сенегал победувајќи со 26:17.

ГРУПА А

Романија – Хрватска 33:24

Данска – Јапонија 26:19

ГРУПА Б

Швајцарија – Иран 34:9

Унгарија – Сенегал 26:17

ГРУПА Г

Бразил – Куба 41:20

Шведска – Чешка 31:23

ГРУПА Х

Ангола – Казахстан 38:20

Норвешка – Ј. Кореја 34:19

 

ПретходноПолувреме во Приштина: Шкендија има негатива против Дрита (ВИДЕО)