Кој би рекол: Атлетико (М) за 10 години потрошил 1 милијарда евра за засилувања

275

Во текот на изминатите 10 сезони, шпанскиот шампион Атлетико Мадрид инвестирал вкупно 996 милиони евра во набавка на нови играчи. Во истиот период, клубот имал и одлична заработка од 932,25 милиони евра од продажба на играчи.

Сепак, овие бројки не се официјални бидејќи клубот не открива финансиски договори со други клубови. Ова лето инвестициите во тимот (60 милиони евра) далеку ги надминаа приходите од продажба (23,7 милиони евра). Исто така, треба да се има предвид дека Атлетико можеби ќе добие сума до 78 милиони евра до крајот на сезоната од продажба на моментално позајмени играчи, вклучувајќи ги Саул Нигез (Челзи), Алваро Мората (Јувентус) и Иво Грбиќ (Лил).

Претходно„Данскиот динамит“ урива рекорди: 6 победи, 22 постигнати и ниту еден примен гол!
СледноВиктор Ангелов им порача на Романците: Македонија победува со 1:0!