За утре е закажан дуелот од новото 15. коло по ред од ПМФЛ шампионатот, каде што тимот на Пелистер на свој терен ќе ја пречека екипата на Македонија ЃП.
Очекувањата за овој дуел од кој домаќинот посакува секако полн плен, за јавноста ги пренесува тренерот на Пелистер Милан Стојановски.
Тој смета дека неговиот тим добро работел во изминатиот период, дека полека се стабилизира по промените кои ги претрпе и пристигнувањето некого за тренер и дека се очекува до крајот на полусезоната комплетна резултатска и играчка рехабилитација.















