Со победа да и се честита на Македонија – Денот на независноста!

312

 

Звучи чудно, но сепак е вистинито. Денеска нашата држава Македонија го слави својот 30-ти роденден. Денеска е Денот на независноста, а нашата најдобра фудбалска репрезентација одиграла вкупно шест натпревари на денешен ден и никогаш, ама баш никогаш не успеала да победи на 8 септември.

Време е денеска некои работи да се променат.Конечно репрезентацијата со победа да и го честита роденденот или Денот на независноста на Македонија.

Играме со Романија, играме со силна репрезентацијата. Сепак оваа генерација може да дојде до трите бода.

Еве шанса јубилејниот 30-ти роденден да и го честиме со фудбалски триумф.

Како што веќе напоменавме, на 8 септември, на Денот на независноста досега сме одиграше шест меча, а во нив ниту една победа, две ремија и дури четири порази.

СИТЕ МЕЧЕВИ НА 8 СЕПТЕМВРИ

1999:МАКЕДОНИЈА – Југославија 2:4

2002:Лихтенштајн – МАКЕДОНИЈА 1:1

2007:Русија – МАКЕДОНИЈА 3:0

2014:Шпанија – МАКЕДОНИЈА 5:1

2015:МАКЕДОНИЈА – Шанија 0:1

2020:Грузија -МАКЕДОНИЈА 1:1

ПретходноНаби Кеита успеа да ја напушти Гвинеја по државниот удар
СледноВенгер ги собира екс-фудбалските ѕвезди за да го истурка планот за СП на секои две години