Блажевска: Додиќ нема право да игра за Охрид, чекаме на РФМ, ако треба ќе одиме и на суд

364

Стефан Додиќ се пресели во Охрид и покрај тоа што има важечки договор со Металург. Од таборот на неговиот клуб тврдат дека српскиот ракометар има чисти документи, додека пак претседателката на клубот од Авоткоманда, Зорица Блажевска го тврди спротивното.

Таа официјално потврди дека Додиќ е ракометар на Металург, ја чека одлуката на РФМ, доколку од „куќата на ракометот“ добие негативен одговор, ќе се жали во РХФ, ќе бара правна разврска на случајот со Додиќ.

„Официјално, немаме добиено никаква информација од РФМ за Стефан Додиќ за трансферот, кој не е возможен. Стефан Додиќ е регистриран со лиценца за РК МЕТАЛУРГ на 4 години, 3 години се плаќа лиценца на РФМ од 1000 евра, не знам што се сменило годинава?

Со целосно исполнети услови во договорот. Ако е сепак регистриран за друг клуб, тоа е преседан, без исписница, без регулирани односи. Тоа значи дека никој не е заштитен и никој не е сигурен и со важечки договор. Точно е, клубот се соочува со проблеми кои се влечат со години, но секојдневно се работи на нивно решавање. Вакви потези никому не помагаат, баш напротив, му наштетуваат на клубот. Ќе ја почекаме одлуката на РФМ за случајот Додиќ, доколку е вистина тоа што тврдат од РК ОХРИД, ќе го продолжиме случајот на суд и ќе побараме помош од ЕХФ.

Стефан Додиќ е последен кој треба да влезе во вакви игри, после се што направи Металург за него и се што му овозможи. Истото го потврди самиот тој во последната изјава за медиумите . Што се случи еден месец подоцна, не ми е јасно“, вели Блажевска.

Сезоната почнува утре, што значи дека овој случај мора да биде решен во скоро време.

ПретходноАрената остана само желба: Дербито Вардар – Воска ќе се игра на Маџари!
СледноАдеми се враќа на терен