Александар Трајковски заминува во Локомотива Загреб

1
ФОТО: FFM.MK

Македонскиот репрезентативец, и искусен интернационалец, Александар Трајковски својата кариера ќе ја продолжи во хрватскиот прволигаш Локомотива од Загреб.

Откако неколку месеци е без клуб, Трајковски еве на почетокот на месец декември конечно ја пронајде својата следна дестинација.

Еден од загрепските прволигаши, му ги отвора вратите очигледно на сега веќе 33 годишниот напаѓач кој што со изведбите пред се во репрезентацијата изминатиот период и тоа како покажа изминатиов период со настапите во репрезентацијата.

Своевремено Трајковски беше дел од тимот на Интер Запрешиќ во неговите први интернационални обиди.

ПретходноЈада со одлични настапи на меѓународната ски сцена