Легендарниот Жарко Паспаљ е нов спортски директор на Партизан

38
фото: KK Partizan Mozzart Bet (X)

Легендарниот српски кошаркар, Жарко Паспаљ, е новиот спортски директор на кошаркарскиот клуб Партизан, објавија од клубот.

Прославениот кошаркар ќе ја преземе таа позиција од Зоран Савиќ, кој го заврши својот мандат во клубот со меѓусебно спогодбен раскин на соработката.

Исто така, беше одлучено Мирко Оцокољиќ да го предводи тимот против Баерн во 14-то коло од Евролигата.

На „црно-белите“ не им требаше долго време да најдат наследник, а Паспаљ, откако првпат беше предложен за функцијата, беше избран за нов спортски директор на состанокот на Управниот одбор. Паспаљ за време на неговата играчка кариера беше соиграч со Обрадовиќ во црно-белиот дрес, како и во националниот тим.

За потсетување, во 2000 година, Паспаљ беше дел од раководството на Партизан, заедно со Дивац и Даниловиќ, но потоа реши да замине по помалку од една година.

ПретходноЧупиќ: Во првиот дел немавме енергија, но во вториот дел ја кренавме публиката на нозе
СледноФарке има два меча за да си ја спаси работата на клупата на Лидс