Жељко Обрадовиќ вечерва и официјално се прости од Партизан. Тој со посебна порака им се обрати на навивачите на белградскиот клуб.
„Овој клуб ќе живее и без Жељко Обрадовиќ. Ќе живее без сите големи имиња што поминаа низ него. Да не спомнуваме дека ми е жал за нашата историја“ , рече Обрадовиќ и додаде нешто што ќе ги израдува сите што навиваат за „црно-белите“.
„Се надевам дека ова не ми е последен пат во Партизан. Времето ќе покаже како и кога. Не можам и не сакам да го кажам тоа. Сите се надеваме и сакаме подобри времиња. Ако и кога – се надеваме. Им благодарам на сите со кои работев, играчи, членови на одборот на директори, луѓе од клубот “, заклучи Обрадовиќ.










