Џејлен Браун беше херојот на Селтикс во дербито против Никс во Бостон (123-117). Во отсуство на повредениот Тејтум, лидерот на Бостон блесна со 42 поена, а со моќно забивање ја запечати победата во самиот финиш. Одличен беше и Дерик Вајт – седум поена во последната четвртина (вкупно 22) беа доволни да го одбијат последниот налет на гостите.
Кај Њујорк најрасположен Микал Бриџис со 35 поена и осум тројки, Таунс додаде 29, но Џејлен Брансон разочара – само 15 поена (11 асистенции), а ниту 19 погодени тројки не беа доволни Никс да го скршат еден од најголемите ривали на Истокот.
Резултати: Филаделфија – Вашингтон 121-102, Торонто – Портланд 121-118, Бостон – Њујорк 123-117, Њу Орлеанс – Минесота 142-149, Сан Антонио – Мемфис 126-119, Голден Стејт – Оклахома 112-124.










