Флоријан Вирц ќе мора да почека на првиот погодок во дресот на Ливерпул. Иако мислеше дека донел спасоносно изедначување против Сандерленд, но погодокот беше препишан како автогол на Норди Мукиеле. Ливерпул повторно разочара – само 1:1 на „Енфилд“, пишува Goal.com.
132 милиони и ниту еден погодок
Германецот, кој пристигна за огромни 132 милиони евра, е под жесток притисок. Оваа одлука само ги продолжува критиките – сè додека не даде гол без никакви дилеми.
„Никогаш не изгледаа како да ќе дадат гол. Нема енергија, нема брзина, нема сила. Навистина загрижувачки“, рече Карагер.
Пеколен распоред
Ливерпул веќе заостанува 11 поени зад Арсенал. Следуваат пеколни недели: Лидс на гости, па клучен дуел со Интер во Лигата на шампионите, каде што им треба победа за да одат во следната рунда.










