Одложено дербито во Евролигата: Салата “Мир и пријателство“ спремна за “ватерполо“! (ВИДЕО)

107

Натпреварот од 14-то коло од Евролигата помеѓу Олимпијакос и Фенербахче, кој требаше да се игра вечерва во 20:15 часот во салата “Мир и пријателство“ во Атина, е одложен, според извештаите на медиумите низ Европа. Главниот град на Грција беше погоден од силно невреме. Обилните врнежи од дожд целосно го парализираа сообраќајот, а подот во „Салата на мирот и пријателството“ е под вода, па затоа не е можно натпреварот да се игра вечерва.
Се очекува Евролигата наскоро официјално да ја потврди најавата за натпреварот, како и неговиот нов датум.

ПретходноАргентина во шок: Меси дефинитивно не потврди дека ќе игра на СП 2026!
СледноКуп на Италија: Болоња ја победи Парма и се “чекираше“ во 1/4 финалето