Неочекуван удар за Кристал Палас: Најдобриот стрелец побарал трансфер во јануари!

58
фото: Fantasy Premier League (X)

Напаѓачот на Кристал Палас, Жан-Филип Матета, формално го информирал клубот за својата желба да си замине во јануари. Неговото име во последно време се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед, па Матета побарал од Палас доколку стигне понуда за него да му овозможи да си замине уште оваа зима.

Извори блиски до 28-годишниот Французин потврдуваат дека тој ја искажал својата желба да прифати трансфер, доколку има активни понуди.

Матета оваа сезона е во сензационална голгетерска форма со веќе седум гола во Премиер лигата. Тој веќе три и пол години е дел од тимот од „Селхрст Парк“.

ПретходноЗа Венгер има само еден вистински фаворит за освојување на СП 2026
СледноПознати се номинациите за спортист на годината!