Реал се враќа во недела – еве како изгледа “Сантијаго Бернабеу“ (ВИДЕО)

711

Иако на „Сантијаго Бернабеу“ и натаму се работи и истиот целосно ќе биде подготвен во јануари 2023 година, сепак Реал Мадрид во недела ќе заигра на својот стадион.

Дуелот од 4. коло против Селта ќе биде прв меч кој Реал ќе го одигра на свој терен после 1. март 2020 година, токму на овој датум го одигра последниот домашен меч пред почетокот на пандемијата коронавирус.

Јужната и западната трибина се уште не се подготвени, па капацитетот за дуелот со Селта и следните мечеви може да биде ограничен на 30.000 луѓе.

Иако стадионот личи на големо градилиште, на него може да се играат натпревари, до недела ќе биде поставен новиот тревник, како и сите детали кои се потребни за одигрување на натпреварите.

ПретходноОд МЗТ Скопје во НБА-лига, Гравет во дресот на Орландо
СледноТФТ со триумф го отвори меморијалниот турнир „Анте Дуковски“