Бојан Миовски вечерва им испрати најдобар можен одговор на сите зли јазици и негативни коментари за неговата форма и голгетерскиот пост кој го следеше во изминатите 11 меча во дресот на Ренџерс. Вечерва нашиот репрезентативец тргна како стартер за Ренџерс на гостувањето кај Килмарнок и успеа да постигне два гола, покажувајќи дека ни од далеку не заборавил како се тресе противничката мрежа.
По голот во 33. минута од првиот дел, Мио погоди и во 54. минута за 0:2 за гостите.
Bojan Miovski with brace
Scottish Premiership | 🏴 Kilmarnock 0-2 Rangers
— N ☔️ (@Vultre0) December 6, 2025










