Миовски: Добро е да си на терен и да постигнуваш голови (ВИДЕО)

82
фото: Rangers Football Club (X)

Македонскиот репрезентативец и интернационалец Бојан Миовски повторно е во гол форма. На дуелот со Килмарнок успеа на два пати да се впише во листата на стрелците и што се вели на најдобар можен начин да го замолкне критичарите во однос на неговата форма.

Миовски доби шанса во првата постава и истата на најдобар можен начин ја искористи.

„Да, добро е да си повторно на терен, и да постгинуваш голови. Напорно работев периодов, стрпливо чекам шанса, минутажа. Одлично е што постигнав голови, и за мене и за тимот. Во изминатиот период немав премногу минутажа, тоа е познато, и добро е што полека се враќам во форма. Тимот работи и на духот, на хемијата во него и работите одат во добар правец“ – изјави Миовски на прес конференцијата по мечот.

ПретходноШтип УГД го претрпе првиот пораз сезонава од Струмица 47&72
СледноПМФЛ полувреме: Работнички и Шкупи се „распаднаа“, доминација на Силекс и Брера