Фудбалерите на Кристал Палас славеа на гостувањето кај Фулам со 2:1 во 15-то коло од Премиер лигата. Херој на Палас беше Марк Гуеј, кој го постигна победничкиот гол на крајот од натпреварот.
Претходно, Палас поведе во 20-тата минута со голот на Нкетија, но Фулам брзо се врати во натпреварот, бидејќи во 38-та минута Хименез му асистираше на Вилсон за 1:1.
Во финишот Гуеи беше највисок во скокот пред голот на домашните за 1:2.










