Фудбалерите на Лацио и Болоња одиграа нерешено 1:1 во 14. коло од Серија А.
Лацио сега десетти на табелата со 19 бода, додека Болоња се заглави во борбата за врвот и остана петта со 25 бода. Интересно е што двата гола вечерва на „Олимпик“ ги постигнаа играчи од Данска и тоа по одбиени топки.
Домашниот тим поведе во 38-та минута со голот на Густав Исаксен, а израмни Јенс Одгард 120 секунди подоцна.










