ЛШ: Баерн од 0:1 до 3:1 против Спортинг! Карл урна рекорд, конечно и Дејвис заигра

27
ФОТО: FC Bayern München/FB

Уште една победа на Баерн Минхен со пресврт сезонава. Имено вечерва во меч од 6.коло во ЛШ на „Алијанц Арената“ во Минхен, Баерн со 3:1 го победи Спортинг Лисабон. Ова беше петта победа на “Баварците“ за 15 бодови.

И повторно со пресврт. Португалците поведоа со автоголот на Кимих во 54.минута. И тогаш машината како да се „запали“. Прво Гнабри во 65.минута израмни, следуваше голот на младиот Карл во 69.минута за 2:1, а серијата голови ја заврши Тах во 77.минута за конечни 3:1.

Ленарт Карл, кој има само 17 години, урна рекорд. Тој е најмладиот фудбалер во историјата на ЛШ кој успеал во три меча во низа да постигне гол во ова натпреварување.

Да кажеме дека вечерва Алфонсо Дејвис, левиот бек на Баерн и еден од најдобрите леви бекови во светот, по долга, долга пауза поради тешката повреда одигра неколку минути во финишот на средбата.

ПретходноКопа дел Реј – 1/16 финале: Столе и Валенсија против Спортинг Хихон, лесни задачи за Реал и Барса!
СледноШкендија (А) го претстави своето прво зимско засилување! (ФОТО)