Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски беше најзслужен за победата на Тренто против Бург во меч од Еврокупот. Тој постигна 30 поени од вкупните 91 за неговиот тим.
24-годишникот ја игра својата прва целосна професионална сезона во Европа по колеџ кариерата во Соединетите Американски Држави го израмни својот рекорд, на својот одличен учинок додаде 7 скока, 3 асистенции, 2 украдени топки и 10 изнудени фаули, индексен рејтинг од 43. На овој начин тој го надмина рекордот на Тренто во Еврокупот, претходно Гари Браун имаше индекс поени од 41, и тоа во сезоната 2020-21.
„Среќен сум за тимот. Горд сум на тимот. Покажавме отпорност, покажавме неверојатен напор. Се вративме. Имавме ужасен почеток. Но, среќен сум за оваа победа. Нема да застанеме тука. Ќе продолжиме. Стануваме подобри. Ова е неверојатна победа“, рече Јакимовски.
Тренто после 10. коло има скор од пет победи и пет порази, и се наоѓа на петтото место на табелата.










