Првото големо српско дерби оваа сезона во Евролигата се одигра во рамките на 15-то коло, а Партизан со голем пресврт во последната четвртина, ја совлада Црвена звезда со 79:76.
Ова е шеста победа на Партизан оваа сезона во Евролигата, а Црвена Звезда го претрпе шестиот пораз. Воедно, ова е трета победа на црно-белите во три натпревари под водство на Мирко Оцокољиќ, кој го наследи Жељко Обрадовиќ.
Џордан Нвора со 20 поени и 7 скока и Џаред Батлер со 20 поени беа најдобри во тимот на Црвена Звезда, а кај Партизан се истакнаа борбените Изак Бонга со 16 поени и 11 скока, Двејн Вашингтон со 25 поени и Тајрик Џонс со 15 поени и 8 скока.










