У-15: Македонија ја победи Турција!

112
ФОТО: FFM.MK

Македонската репрезентација до 15 години славеше победа од 3:2 против врсниците на Турција. На тренинг центарот “Петар Милошевски”, избраниците на селекторот Горан Станковски одиграа одличен меч и заслужено се радуваа на триумф против силната Турција. Димоски во 93. минута даде гол за победа, откако испуштивме 2:0 на полувреме.

Драган Петков веќе во 2. минута го отвори резултатот. Предноста ја удвоиме по 23. минути игра преку Стефан Стојановски.

Противникот во 51. и 60. минута искористи грешки во нашата одбрана и преку Озбугуту и Озкан успеа да го израмни резултатот.

Голот за победа на македонската репрезентација го постигна Павел Димоски во судиското надополнување од натпреварот.

Македонија до 15 години: Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов;

Турција до 15 години: Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту;

ПретходноШокантно: На ​​Аргентина ѝ се заканува исфрлање од Светското првенство!
СледноМрме со шести пораз во низа!