Попладнево во меч од 14.коло, домашниот состав на Акритас со 3:1 славаше против тимот на Етникос Ахна. За нас сосема неважно, но ако се знае дека стратег на гостите е Игор Ангеловски Мрме, е тогаш некои работи се менуваат.
Инаку екс-селекторот на клупата на Ахна седна на 2 октомври, но не може да се пофали со којзнае каков успех. Ова му беше деветти меч и шести пораз во низа.
Пред денешниот меч тимот на Мрме во шампионатот на Кипар беше поразен и од АЕК Ларнака со 2:1, Олимпијакос со 1:0, Омонија со 3:2, Аполон со 1:0 и Апоел со 4:1.
Не му оди добро на Мрме на Кипар и дефинитивно.










