Лудница на “Енио Тардини“: Лацио со двајца играчи помалку даде гол во финишот и славеше кај Парма!

34
ФОТО: Parma Calcio 1913/FB

Каков меч? Лудница на „Енио Тардини“! Парма – Лацио 0:1 во меч од 15.коло во Серија А. И тоа не е изненадување, шокатно е тоа дека гостите од Рим постигнаа победнички гол во 82.минута преку Нослин и тоа во моментите кога имаа двајца играчи помалку во поле.

Прво беше исклучен Закањи во 42.минута, за да во 72.минута Башиќ доби црвен картон.

Јасно е дека домашните фудбалери имаа иницијатива, шанси, но сепак не успеаја да постигнат гол. За разлика од нив Лацио знаеше како треба и успеа да дојде до златна победа и златни три бода.

ПретходноВардар 1961 се рехабилитираше со Радовиш
СледноТФТ го освои Гостивар