И пикадото е опасен спорт, погледнете зошто… (ВИДЕО)

78
ФОТО: Screenshot

И пикадото е опасен спорт, во кој може да потече крв. Натпреварот меѓу Камерон Мензис и Чарли Менби на Светското првенство во пикадо, се окарактеризираше како еден од најнапнатите во првото коло. Така беше и, со оглед на тоа што 20-годишниот Менби го победи Мензис, 26-тиот играч во светот, со 3:2 по неизвесни пет сета.
Мензис, познат како најемотивниот играч во пикадо на PDC турнејата, реагираше на поразот со жестоко удирање на масата на сцената три пати пред да му ја подаде раката на противникот. На интернет кружат и фотографии на кои се гледа како Мензис ја искрвари раката од ударите. Мензис често не може да ги потисне своите емоции додека игра, па се случувало да плаче за време на натпреварите. Во исто време, тој нагласи дека се бори со анксиозност и стрес. По изливот на гнев против Менби, Мензис се извини.
„Прво на сите, би сакал да се извинам за она што се случи. Жал ми е што реагирав на начинот на кој реагирав. Тоа не е изговор, но во последно време имав многу работи на ум и претпоставувам дека сè стана премногу“ напиша покрај другото Мензис.

ПретходноЗа Струга ТЛ денеска заврши одморот, стартуваа подготовките за пролетниот дел!
СледноОфицијално: Миовски поради повреда вечерва не е во составот на Ренџерс!