Чоло Симеоне е подготвен да ги слушне понудите за три свои ѕвезди

107
ФОТО: Atlético de Madrid/FB

Раководството на Атлетико Мадрид, се разбира заедно со стратегот Диего Чоло Симеоне, веќе прави планови за претстојниот зимски преоден рок, па така челниците на „јорганџиите“ ги идентификуваа играчите од кои може да се раздели.

Според информациите од шпанското издание „ElDesmarque“, мадридскиот клуб е подготвен да слушне понуди за тројца играчи од својот сегашен состав.
Листата за продажба вклучува играчи од различно потекло, што ја покажува намерата на клубот да го освежи својот состав. Атлетико ќе разгледа понуди за следните играчи: Конор Галагер, Џакомо Распадори и Александер Серлт.
Оваа одлука отвора врата за сериозни промени во тимот, а интересот за овие имиња се очекува да биде значителен.
Покрај продажбата, Атлетико Мадрид работи напорно и на привлекување нови играчи. Главен приоритет за спортскиот и техничкиот персонал е наоѓање квалитетен лев бек.
Клубот активно го истражува пазарот за да пронајде соодветен играч за замена.

ПретходноЛаутаро исто како и Халанд, Мбапе и Кејн!
СледноГасперини подобар од Фабрегас на “Олимпико“: Рома го урна Комо!