Ален Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната

90
ФОТО: ФК Работнички/FB

Работнички имаше очајна есен, освои само седум бода во 16 првенствени натпревари. Тимот од Дебар Маало го заокружи првиот дел од сезоната со само една победа и четири ремија, а дури 11 пати ја почувствува горчината на поразот.

Сезоната ја стартуваше рано, со настап во квалификациите за Конференциската лига и веднаш доживеа два порази и елиминација. Сепак, никој не очекуваше дека ќе следат многу слаби игри и резултати и во првенството.

Бојан Маркоски, кој го наследи Горан Станиќ, брзо замина од тренерската позиција, а значајни промени не донесе ниту турскиот стратег Алпарслан Ердем кој дојде на негово место.

Третиот тренер оваа сезона е Србинот Ален Тупајиќ. Тој го предводеше Работнички во последните три кола и забележа три порази. Сепак, се надева дека тимот со една комплетна реорганизација во зимскиот преоден рок, ќе бележи многу подобри резултати напролет. Тоа и мора да го направи, доколку сака да го избегне најлошото, испаѓање од елитното друштво.

Наследив екипа која имаше многу проблеми, и на играчки и на резултатски план. Секако дека не сме задоволни од постигнатото, јас ќе говорам за мојот кус период додека сум на кормилото на Работнички. Но, дојдов и затоа што на тимот и претходно не му одело. И беше видлив мал напредок во играта, но попусто кога повторно резултатите беа три порази. Можеби второто полувреме против Шкендија во Тетово беше знак дека овој тим може да одигра и многу подобро. Во секој случај, Работнички е голем бренд на македонскиот фудбал, ќе мора добро да се реорганизира во оваа зимска пауза и напролет ќе треба да игра многу подобро, и што е најважно – да победува и да освојува бодови. Само така ќе можеме да ја оствариме целта, а тоа во ваков случај е опстанок во елитата“, изјави Ален Тупајиќ.

ПретходноНорис е светски првак, ама некој друг е со најголема заработка во Ф1 за 2025!
СледноПоради повреда: Столе нема да брани за Валенсија во Копа дел Реј!